Области на работење
Професионална правна помош, застапување и советување за физички и правни лица во повеќе области на правото.
Граѓански спорови
Правна помош и застапување во сите видови судски постапки и парници од граѓанската област.
Кривично право
Одбрана и застапување на осомничени, обвинети и оштетени лица во сите фази на кривичната постапка.
Прекршочно право
Застапување и правна помош во прекршочни постапки пред надлежните судови и органи.
Семејно право
Правна поддршка и застапување во постапки за развод, доверување и издршка на деца и старателство.
Работни односи
Застапување и советување во спорови од работен однос и заштита на правата на работниците и работодавачите.
Наследно право
Правна помош во оставински постапки, составување тестаменти и решавање наследни спорови.
Трговско право
Правно советување на трговски друштва, подготовка на договори и правни акти и поддршка во деловното работење.
Заложно право
Советување за договори за кредит, залози, хипотеки, меници и ефикасна заштита на побарувањата.
Имотно-правни односи
Застапување при стекнување, заштита и пренос на сопственост, недвижности и имотно-правни спорови.
Извршни постапки
Застапување во постапки за присилна наплата и заштита на правата на доверителите и должниците.
Договорно право
Составување, анализа и ревизија на сите видови договори со цел правна сигурност и заштита на интересите.
Централен регистар
Поддршка при основање на трговски друштва, регистрација на промени, уписи и бришења.
Правно советување
Стручни правни совети, правни мислења и консултации за физички и правни лица во сите правни области.
